Кумановки авторки на современи бајки во новата збирка „Детелинки-белинки“

15.02.2023 09:36 | Оливера Пешевска

Билјана Станковска и Анита Димовска од Куманово, се авторки на две бајки во новата книга за деца „Детелинки- белинки:современи бајки со четири листенца“, која беше промовирана викендов во рамките на Денови на литературата во Скопје. Делото содржи 16 современи бајки од 15 автори.

Кумановки авторки на современи бајки во новата збирка „Детелинки-белинки“

Во книгата се печатени „Авантурите на едно мракче“ на Билјана Станковска, поетеса, раскажувач и писател  за деца и „Зелената кралица“ на Анита Димовска, дебитант на книжевната сцена, инаку професор по англиски.

„На конкурсот имало испратено околу 430 материјали од повеќе од 300 автори, делата биле шифрирани и жири комисија ги избрала најуспешните, најзначајните и најкарактеристичните. Посебно сум горда што токму мојата творба најде место во ова издание, меѓу веќе етаблирани писатели за деца“, вели Димковска.

На промоцијата свој осврт даде и уредникот на делото Оливера Ќорвезироска.

„Детелинки-белинки“ е збирка од шеснаесет современи бајки наредени во четири циклуси како четири листенца на „среќната“ детелинка.Современите бајки го збогатуваат омилениот жанр на децата. Некои од нив се случуваат и во наше време, на наши предели и се препознатливи ликови од нашето опкружување, со што уште повеќе им се приближуваат на малите големи читатели“, истакна Ќорвезироска.

Изборот е направен од пристигнати материјали на конкурсот за новосоздадени, современи бајки од Македонија на Арс Ламина и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ „Браво сине“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk