Во коцкарница на диво запленети 36 покер апарати

05.10.2012 13:31 | KumanovoNews

 Полицијата заплени 36 покер апарати во објект во кој се организирале игри на среќа на диво, што еднаш беше опфатен со акцијата “Детонатор“.

Во коцкарница на диво запленети 36 покер апарати

При контрола на коцкарницата „Шери„ на улица “Димитар Влахов“, полицијата и УЈП  утврдиле дека објектот работи нелегално, односно без лиценца и дозвола и не поседува фискален апарат.

 Организатори на игрите на среќа се С.А.(49) е граѓанин од Кочани и уште двајца други на кои не им е познат идентитетот.

 Тие ќе одговараат за кривични дела организирање на комар и даночно затајување. При првата контрола во акцијата “Детонатор“ на истото место бев запленети 48 покер апарати.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk