Во Костурник откриени мигранти

17.10.2017 10:09 | KumanovoNews

На автопатот Куманово - граничен премин “Табановце“ на место викано „Костурник“, синоќа во 22.50 часот, биле фатени 15 мигранти.

Во Костурник откриени мигранти

Полициски службеници од Сопот забележале дека застанало возило од кое излегле 15 лица-мигранти, од кои четири лица од Индија, три лица од Авганистан и осум лица од Пакистан, а возачот успејал да побегне со  возилото.

Мигрантите се сместени во Прифатниот центар-Гевгелија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk