Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и евроамбасадорот Самуел Жбогар, потпишаа договор за оварање на Европска куќа во Крива Паланка.
- Европска куќа ќе биде урбан простор обезбеден од страна на Општината, каде младите ќе можат да се дружат, да учат, да се информираат и да ги споделуват своите ставови и размислувања, да дискутираат, да гледат филмови и да организираат разни други културни настани, - информираат од Општината.
Ова е нов простор, кој всушност е продолжеток на долгогодишната соработка и партнерство помеѓу Делегацијата на Европската унија и Општина Крива Паланка.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk