Во Крива Паланка и Кратово нема веќе корона, во Куманово само 9 активни случаи

20.04.2022 22:01 | Жаклина Цветковска

Крива Паланка и Кратово се меѓу 6-те општини во државата во кои веќе нема регистрирани болни од ковид-19, додека видно намален е бројот на новозаразени и во Куманово каде има уште само 9 активни случаи.

Во Крива Паланка и Кратово нема веќе корона, во Куманово само 9 активни случаи

Од почетокот на пандемијата во Крива Паланка регистрирани се вкупно 2413 случаи на ковид-19, од кои оздравени се 2287, а 126 починати. Вкупната бројка на заболени во Кратово, пак, изнесува 962 заболени лица, а од нив 926 се оздравени, а 36 починале.

Општина Куманово, заедно со Липково и Старо Нагоричане, и понатаму е на врвот на листата (втора по ред) со најмногу регистрирани случаи на ковид-19, односно веднаш зад Скопје. Досега заболеле вкупно 16.613 лица од кои 15.989 оздравеле, а за 615 лица короната имала фатален исход. Сепак, оваа општина не е веќе жариште на корона вирусот и состојбата е стабилна, односно има само 9 активни случаи.

Според денешната статистика, во Куманово има само 2 нови случаи на ковид-19 и еден оздравен.

Инаку, на ниво на државата, од направени 1.908 тестови регистрирани се 127 нови случаи на ковид -19 и тоа: Скопје – 57, Битола – 24, Охрид – 7 , Прилеп и Велес – по 5, Струга , Берово и Валандово – по 4, Кавадарци и Кичево – по 3, Куманово и Струмица – по 2, Штип, Гевгелија, Неготино, Свети Николе, Делчево, Демир Капија и Мкаедонска Каменица – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (127), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 123 оздравени пациенти од: Скопје – 68, Битола – 19, Струмица – 7, Кавадарци и Гостивар – по 4, Велес, Штип и Струга – по 3, Прилеп, Кичево и Гевгелија – по 2, Куманово, Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш и Виница – по 1.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од Скопје (82г) и Охрид (91г), едно лице е починато во домашни услови и едно во болнички услови, пријавени во период од 02.04 до 12.04.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.000.910 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а бројот на активни случаи изнесува 802.

Дистрибуција по градови:
Скопје – 145.163, активни 431
Куманово- 16.613, активни 9
Битола – 15.170, активни 126
Прилеп -14.117, активни 37.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk