Во Крива Паланка одбележан Денот на планетата Земја

22.04.2019 12:35 | KumanovoNews

По повод одбележување на Денот на планетата Земја - 22 Април, Општина Крива Паланка во соработка со ЈП „Коминалец“ и ООУ „Јоаким Крчовски“ организираа засадување на декоративни садници и каранфили долж коритото на Крива Река.

Во Крива Паланка одбележан Денот на планетата Земја

„Претставници на општинската администрација заедно со вработените, учениците и наставниот кадар активно се вклучија во денешната акција за симболично одбележување на Денот на планетата Земја. Декоративните садници и цвеќиња беа засадени  како симбол за живот и здрава животна средина која е неопходен услов за опстанок на сите генерации. Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина, со што Општина Крива Паланка се вклучи  во глобалното одбележување на овој ден, заедно со повеќе од милијарда луѓе и организации низ целиот свет“, - соопштуваат од Општина Крива Паланка.

Денот на планетата Земја се одбележува во повеќе од 193 држави, за прв пат  беше одбележан во 1970 година во САД со демонстрација против загадувањето и токсичниот отпад.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk