Во Крива Паланка се одржа Меѓународен фестивал на староградски песни

22.10.2018 12:03 | KumanovoNews

Во Центарот за култура во Крива Паланка, викендов се оддржа третиот Меѓународен фестивал на староградски песни.

Во Крива Паланка се одржа Меѓународен фестивал на староградски песни

На фестивалот, покрај домаќините „Распеани паланчани“ настапија  пејачки друштва од Радовиш и Пехчево, градскиот хор од Штип, како и пејачкото друштво „Еделвај“ од Ќустендил, Р.Бугарија.

Сите љубители на убавата староградска песна,  имаа можност две вечери да уживаат и да да го почувствуваат духот на едно време на старата кривопаланечка чаршија исполнета со песна љубов, обичаи и време кога настанаа најубавите страоградки песни кои и денеска се негуваат и пеат, соопштуваат организаторите.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk