Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците и вработените во Основното училиште „Крсте Мисирков“, вчера ја одбележаа Неделата на детето.
Во текот на неделата беа организирани низа активности, а прославата заврши со свечена приредба.
- Секоја година првата седмица од месец октомври има се посветува на децата. Оваа година организиравме разни работилници на ниво на одделенија, приредби, хуманитарни акции. Вчера, под мотот „Градиме мостови-чекориме напред“ се одржа приредбата, на која дечињата беа запознаени со своите права и должности. Од денеска дечињата се веќе членови на Детската организација и ги имаат истите права како сите деца во светот, - соопштуваат од училиштето.
По повод прославата присуствуваа гости од други институции и здруженија, дечиња од градинката „Ангел Шајче“, како и ученици од повисоките одделнија, наставници и други гости.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk