Во куќа во Ваксинце држеле мигрант во заложништво

18.01.2020 14:59 | KumanovoNews

Жител на липковското село Вакцинце, држал мигрант во заложништво и од него побарал пари за да го ослободи.

Во куќа во Ваксинце држеле мигрант во заложништво

Во Полициска станица Сопот, вчера во 11 часот, М.М(25) од Палестина и Х.С(26) од Мароко, мигранти сместени во Транзитен центар Табановце пријавиле дека последните два дена А.К.(28) од Мароко бил држен во куќа во с.Ваксинце од лица од Пакистан и од с.Ваксинце, со цел да му бидат изнудени пари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk