Во куќа во Ваксинце пронајдени мигранти

30.11.2015 15:07 | KumanovoNews

Полицијата вчера во куќа во липковското село Ваксинце пронашла мигранти.

Во куќа во Ваксинце пронајдени мигранти

Во куќата која е на Р.Р. кој е на привремена  работа во Швајцарија, околу 16 часот по добиена пријава полицајци од Полициска станица Матејче пронашле 42 мигранти, од кои 7 биле малолетници. Се работи за мигранти од Сирија, Пакистан, Иран и други држави. Тие илегално дошле во земјава и насилно влегле во куќата на Р.Р.

Мигрантите се приведени во СВР Куманово за понатамошна постапка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk