Во Кумановно 3 сантиметри снег, температурата -1 степен

23.03.2020 08:56 | KumanovoNews

 Куманово утринава осамна под снег и виулица, иако зимата заврши и официјално. Снежната покривка во Куманово до 7 часот изнесува 3 сантимети. Најмногу снег напаѓа на Маврово 11 сантимети, а најмалку во Берово 2 см.

Во Кумановно 3 сантиметри снег, температурата -1 степен

Наврнат талог во изминатите 24 часа  во Куманово изнесува 2 л/м2, а минималната температура -1  степен Целзиусов.

Времето денеска ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи претежно од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Во Куманово облачно со повремен снег и со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 3 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk