Во Куманово 10 нови случаи на ковид-19

01.01.2021 22:00 | KumanovoNews

Во последните 24 часа се регистрирани 414 нови случаи на ковид-19 од направени 1.619 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

Во Куманово 10 нови случаи на ковид-19

Новите случаи на ковид-19 се од: Скопје-187, Куманово-10, Дебар-10, Штип-7, Прилеп-17, Тетово-12, Струга-7, Велес-10, Битола-12, Охрид-28, Кавадарци-24, Гостивар-12, Гевгелија-4, Струмица-10, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-10, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-9, Ресен-7, Неготино-14.

Изминатите 24 часа се починати 7 лица, од кои тројца пациенти од Скопје (81, 69 и 63), еден од Велес (79), еден од Битола (70), еден од Охрид (53) и еден пациент од Кочани (63). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 83.743, бројката на оздравени пациенти е 61.943, на починати е 2.510, а бројот на активни случаи изнесува 19.290. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 36150, активни 11286

• Куманово 4753, активни 519

• Крива Паланка 632, активни 126

• Кратово 193, активни 17.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk