Во Куманово 10 оздравени од коронавирус, нема новозаболени

19.05.2020 12:08 | KumanovoNews

 Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти, меѓу нив 10 се од Куманово.

Во Куманово 10 оздравени од коронавирус, нема новозаболени

По градови во:

Скопје 16,  Куманово 10,  Прилеп 6,  Тетово 15,  Велес 1,  Крива Паланка 1 и Валандово 1.

Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на КОВИД-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје (78) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk