Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Медицински сестри и акушерки од Општата болница Куманово, се меѓу 13 новозаболени од коронавирус во Куманово.
- Во изминатите 24 часа има 13 позитивни на коронавирус во Куманово. Четири се здравствени работници и тоа акушерки и медицински сестри од одделението за гинекологија и акушерство и од инфективното одделение, - изјави Ариф Љатифи директор на Центарот за јавно здравје Куманово.
Во изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид 19. Со ова бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица.
Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје –12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово -1, Струга - 2 , Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.
Во изминатото деноноќие направени се 341 теста. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk