Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Висината на снежната покривка во Куманово изнесува 14 сантиметри, а минималната температура -2.
Висината на снежната покривка во Куманово во 8 часот изнесува 14 сантиметри. Најмногу снег има во Маврово 69 сантиметри, а најмалку ви Штип 1 сантиметар.
Во Куманово минимална температура утринава изнесува - 2 степени Целзиусови. Најладно е во Маврово со -6, а најтопло во Охрид, Гевгелија и Дојран со 2 степени.
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне почнувајќи од запад ќе се интензивираат. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе услови можна појава на снежни навеви. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 4 степени.
Во Скопско облачно со повремени врнежи од снег, во текот на денот послаби, а пообилни кон крајот на денот и во текот на ноќта. Снежната покривка ќе се зголеми за околу 15 до 20 см нов снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде околу 1 степен над нулата.
Времето утре, облачно со повремени врнежи од снег, пообилни во утринските, а на исток во претпладневните и пладневните часови. Од врнежите што се очекуваат денес и утре снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 cm. Најмногу вкупни врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cm нов снег.
Утре во текот на претпладнето почнувајќи од запад врнежите ќе престануваат, а на истокот ќе се задржат до пладне и рано попладне.
Од петок се очекува стабилизација на времето со суво време и намалување на облачноста.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk