Во Куманово 15 луѓе живеат со ХИВ/СИДА

01.12.2015 14:41 | KumanovoNews

Заклучно со 25 ноември годинава во Институтот за јавно здравје е регистрирано  едно новооткриено лице со ХИВ/СИДА од Куманово, а во градот со ХИВ/СИДА живеат 15 луѓе, покажуваат статистиките.

Во Куманово 15 луѓе живеат со ХИВ/СИДА

Годинава се регистрирани 19 случаи на ХИВ /СИДА. Четири од нив имаат СИДА ,  останатите се ХИВ позитивни, а годинава само едно лице починало од СИДА . Во 19 ново евидентирани лица има една  жена , а дури 15 од нив се на возраст меѓу 20 и 39 години. Најмногу нови случаи  8 се од Скопје, 3 лица се од Тетово, по две лица се од Битола и Кавадарци и по едно ново регистрирано лице живее во Куманово, Гевгелија, Берово и Дебар.

Неуморната статистика покажува дека во Скопје со ХИВ /СИДА живеат дури 117 , во Тетово 26, Куманово 15, Прилеп 10, Охрид 9 и во Кичево 8 лица.

Денеска се одбележува 1 декември-Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА и по тој повод деновиве ќе има едукативни активности за учениците во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk