Во Куманово 15 сантиметри снег, минималната темпeратура 0 степени

22.03.2021 08:10 | KumanovoNews

 Во текот на иминатите 24 час во Куманово навеа 15 сантиметри снег, водениот талог е 25 литри на метар квадратен, а минималната температура изнесувала 0 степени Целзиусови.

Во Куманово 15 сантиметри снег, минималната темпeратура 0 степени

 Најмногу снег напаќал во Маврови Анови 40 см, Крушево 39 см, Ѓуриште 33 см, 31 Попова Шапка, Пожаране, 26 Дебар, 24 Тополчани, 20 Битола, Претор, 15 Куманово, 14 Прилеп, 11 Тетово, 10 Берово, 7 Штип, 4 Кр. Паланка, 1 Д. Капија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа во: Пожаране 34 л/м2, Крушево, Дебар, Претор 29 л/м2, Скопје Зајчев Рид 28, 27 Тетово, 26 Виница, 25 Битола, Куманово, 24 Ѓуриште, 21 Скопје – Петровец, Прилеп, 20 Штип, 19 Гевгелија, 12 Берово, 11 Струмица, 9 Дојран, К.Паланка, Охрид.

Минимални температури: - 6 Попова Шапка, -4 Маврово, -3 Крушево, -1 Дебар, Берово, Прилеп, 0 Охрид,Штип, Скопје-Петровец, Претор, Скопје Зајчев Рид, Куманово, Демир Капија, Крива Паланка, Тетово, Битола, 1 Виница, 2 Струмица 3 Гевгелија 4 Дојран.

Времето во текот на ноќта и изутрината се задржа облачно со врнежи, кои беа претежно од снег. Поголеми количества воден талог до 01 часот имаше во западните делови од земјата. Утринава врнежите се од снег и се со слаб интензитет, а поинтензивен ветер дува на повисоко во Пелагонија.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk