Во Куманово 170 кривични дела извршиле малолетници

05.03.2014 10:19 | KumanovoNews

Малолетници се тепале, ограбувале мигранти, краделе поради што добиле кривични пријави.

Во Куманово 170 кривични дела извршиле малолетници

Во текот на 2013 година во Куманово се регистрирани 170 кривични дела извршени од малолетници, покажува полициската статистика.

Меѓу покарактеристичните случаи се 2 групи составени од вкупно 9 малолетници кои ограбиле 4 мигранти заканувајќи им се со пиштол, а во  извештајот се наведува и еден случај на насилно однесување на млади кумановци.

Во 95 отсто од случаите сторители се момчиња, а девојчиња има многу помалку и се гонат претежно за кражби.

По малолетничката деликвенција пред нас се само Скопје и Штип, додека во Струмица, Битола, Тетово, Охрид и Велес бројот на малолетници со кривични пријави е помал.

На ниво на Македонија во последниве 5 години благо се намалува малолетничкиот криминал.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk