Во Куманово 19 позитивни на коронавирус од 36 тестови

05.07.2022 22:04 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа во Куманово се регистирани ново 19 случаи на ковид-19. Во Центарот за јавно здравје тестирани се 36 лица, а активни се 54 болни.

Во Куманово 19 позитивни на коронавирус од 36 тестови

Согласно податоците од  Министерството за здравство на ниво на државата направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на ковид-19. 

По градови во: Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15,  Штип – 11,  Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија - по 1.

Регистрирани сe 102 оздравени пациенти од: Скопје – 69, Битола и Куманово  – по 7, Кавадарци  –  5 , Прилеп – 3, Велес, Тетово и Кичево – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Струмица и Неготино  – по 1.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk