Во Куманово 21 новозаболен и 19 оздравени од коронавирус

10.01.2021 18:34 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани се 345 нови случаи на ковид-19, a направени се 2455 тестирања.

Во Куманово 21 новозаболен и 19 оздравени од коронавирус

По градови во:Скопје 129, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14.

Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69), двајца од Велес (82 и 57), еден од Битола (82), еден од Гостивар (70), еден од Гевгелија (78), еден од Струмица (81) и еден пациент од Валандово (48). Пациентите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти од: Скопје-124, Куманово-19, Штип-12, Прилеп-16, Тетово-27, Велес-9, Битола-18, Гостивар-10, Гевгелија-4, Струмица-5, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-2, Берово-7, Валандово-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-3.

Досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk