Во Куманово 38 новозаболени и 12 оздравени од коронавирус

03.03.2021 15:47 | KumanovoNews

 Во последните 24 часа се регистрирани 807 нови случаи на ковид-19 од 3.312 тестирања.

Во Куманово 38 новозаболени и 12 оздравени од коронавирус

По градови во: Скопје 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Починаа 5 лица по компликации од ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Починати се 4 пациенти од Скопје (80,74,68,65) и 1 пациент од Штип (81).

Регистрирани се 314 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на ковид-19. Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 104.548, оздравеа 92.189, починаа 3.156, а активни случаи се 9.203.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 359, активни 4145

Куманово 38, активни 338.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk