Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 4.000 барања пристигнале во дополнителениот рок за поднесување на барање за легализација на бесправно изградените објекти на територијата на општина Куманово.
Од секторот за урбанизам велат очекуваат да добијат и барања испратени по пошта.
„ Пристигнаа 4.172 барања досега, меѓутоа преку пошта има пристигнато сигурно уште 200-300 барања. Сите овие подносители на барања треба да знаат дека се должни согласно законот до 31.12. 2017 да ја докомплетираат својата документација, бидејќи истата е непотполна за да ги завршат нивните постапки. Додека оние кои што во првиот рок пуштија барања должни се до 31.12. 2016 да ги достават своите елаборати. Во првиот рок имаше 19.000 барања“,- изјави Лидија Ланг-Спасовска, сектор за урбанизам.
Секторот за урбанизам вчера работеше до 20 часот за да им излезе во пресрет на граѓаните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk