Во Куманово 4 сантиметри снег до 13 часот

05.01.2017 14:45 | KumanovoNews

  Во Куманово до 13 часот навеа 4 сантиметри снег.

Во Куманово 4 сантиметри снег до 13 часот

 Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи најмногу снег паднал на Маврово 25 сантиметри.

Времето денеска е облачно, во западните и северните делови има врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Во југозападните делови има слаби врнежи од дожд. Во северните делови дува слаб до умерен ветер од северен, а во јужните делови слаб ветер од јужен правец.

Во попладневните и ноќните часови врнежите од снег ќе се прошират на секаде и на места бидат интензивни. Насекаде ќе се формира снежна покривка (на планините над 50 сm, а во пониските места од 10 до 20 cm). Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од снег, кои повремено ќе се интензивираат и ќе се формира снежна покривка до околу 20 cm. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде околу 0.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk