Во Куманово 41 магистер и 2 доктори на науки се невработени

19.05.2014 09:53 | KumanovoNews

Во Куманово има 41 магистер и 2 доктори на науки кои чекаат вработување, покажуваат податоците на Државната агенција за вработување за март годинава.

Во Куманово 41 магистер и 2 доктори на науки се невработени

Пријавени во Центарот за вработување Куманово се 1053 невработени со завршено високо образование, 145 со вишо образование, 2951 со завршено средно, 1354 со непотполно средно образование и 2036 без образование или само со основно.

Колку за споредба во март годинава во Скопје имало 8 невработени доктори на науки, во Штип 3, Струмица 2, Велес, Кочани, Кичево, Прилеп и Тетово по 1 доктор на науки.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk