Во Куманово 434 кандидати за 31 советничко место

16.09.2025 10:56 | KumanovoNews

За 31 место во Советот на Општина Куманово се пријавиле 434 кандидати на 14 советнички листи. 

Во Куманово 434 кандидати за 31 советничко место

Советнички листи се поднесени од: СДСМ - носител Томица Илиќ, ВМРО-ДПМНЕ носител Владимир Михајловски, ЗНАМ - Ивана Ѓорѓиевска, Македонска трета ера „Суверенисти“ -  Марјан Пешевски, МААК - Аца Јаневски, коалиција ЛДП, Интегра и ПЦЕР - Тома Глигориевски, ДПСМ - Иван Стоилковиќ, ДОМ - Сретен Стојковски, Левица - Виторио Зафировски, Единстена Македонија - Сунчица Павлова, ДУИ - Влерим Исени и ВЛЕН - Скендер Османи. Независните листи поднеле Месуд Бајрами и Иван Петковски. 

 Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, и во првиот круг ќе се знае по колку советници ќе освојат партиите и независните граѓански групи.

Предходниот состав на Советот броеше 33 советника, но поради намалениот број на жители во Општина Куманово, кој го покажа последниот попис, бројот падна на 31.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk