Во Куманово 50 возачи возеле пијани

04.11.2019 09:57 | KumanovoNews

На подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 74 возачи.

Во Куманово 50 возачи возеле пијани

Од тоа 50 возачи кои управувале под дејство на алохол и 24 возачи кои управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од сообраќај се исклучени и 18 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, еден возач поради непрописно престројување и еден возач поради недавање првенство на минување. Регистрирани се и 19 прекршоци кои ги прават пешаците.

Во текот на изминатата недела издадени се 329 мандантни платни налози, 104 прекршочни платни налози, а 69 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk