Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Висината на снежната покривка во Куманово утринава е 6 сантиметри, а минималната температура ноќеска изнесувала -2 степени Целзиусови.
Најмногу снег напаѓало во Лазарополе 71 сантиметар, а најмалку во Охрид 1 сантиметар. Најстудено било во Маврово со -8 степени, а најтопло со 0 степени во јужниот дел на државата.
Времето до крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, само на пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Температурата ќе достигне од 0 до 6 степени.
Скопје, облачно со повремен снег и со слаб ветер од источен правец. Температурата ќе достигне до околу 2 степена.
Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, и доста изобилни, каде се очекува да да наврнат над 30 л/м2 воден талог, особено повеќе ќе бидат застапени во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег. Од петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk