Во Куманово 91 новозаболен од коронавирус, во Липково 8 и еден во Старо Нагоричане

12.11.2020 10:23 | KumanovoNews

 Во Центарот за јавно здравје во Куманово во последните 24 часа регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19, што е највисока днвена бројка од трите општини од почетокот на коронакризата.

Во Куманово 91 новозаболен од коронавирус, во Липково 8 и еден во Старо Нагоричане

Од новозаболените, 91 се во Куманово, 8 во Липково и еден во Старо Нагоричане.

- Од тестираните 72 позитивни резултати се добиени преку Центарот за јавно здравје и 38 од приватните лаборатории. Во тек е анкетирање за да направиме целосна епидемиолошка слика. Од досегашното искуство најголем број од новозаболените се од веќе утврдени контакти и тоа семејни кластери или од приватните фирми и јавни институции. Анкетите ќе покажат дали има и нови кластери, - вели епидемиолог д-р Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово.

Во Куманово досега има 2.828 заболени од ковид-19, а активни се 738 пациенти.

На ниво на државата вчера регистрирани се 1321 нови случаи на ковид-19, а направени се 3836 тестирања.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk