Во Куманово ќе се гласа на 167 избирачки места

03.04.2019 09:45 | KumanovoNews

 На 167 избирачки места ќе гласаат граѓани на Општина Куманово на престојните претседателски избори.

Во Куманово ќе се гласа на 167 избирачки места

Од Општинската изборна комисија велат дека Куманово и Битола се најголеми изборни единици во државата, но бројот на членови во избирачките одбори во нашата општина е далеку поголем.

Комисијата интензивно работи на подготовките на изборите.

„Се тече во најдобар ред. Изминатиот месец беа ревидирани списоците на избирачките одбори, во тек се обуките на претседателите и замениците на претседатели од ДИК, а подоцна ќе започнет обуките на членовите на избирачки одбори, - изјави претседателот Звонко Николовски.

Од комисијата велат дека сеуште не ги сумирале резултатите и ја немаат точната бројка на гласачи во избирачкиот список, но според податоците од минатите избори бројката се движи околу 92.000 гласачи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk