Во Куманово ќе се гради скејт парк

09.02.2016 13:39 | KumanovoNews

Во Куманово  ќе се гради современ и модерн скејт парк за младите кои се занимаваат со екстремни спортови.

Во Куманово ќе се гради скејт парк

Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи ќе започне со градба од 2017 година, по извршување на неопходните подготовки.

На овој начин младите ќе можат да развиваат вештини како врсниците во Европа и светот.  Ќе има повеќе рампи и скокалници, а паркот ќе биде изработен од специјална подлога поради поголема безбедност и дрвена конструкција.

Скејт паркови ќе се изградат и во градовите Штип, Кавадарци, Охрид и Тетово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk