Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово е една од 11 општини во државата, каде Министерството за труд и социјална политика годинава планира да изгради нова детска градинка.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска ги потпиша договорите со градоначалниците на општините кои партнерски ќе учествуваат во изградбата на објектите. На списокот за изградба на нови градинки се општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип, и Гази Баба (2 градинки). Со изградбата на градинките капациетот се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања. За оваа намена од буџетот на МТСП се обезбедени 85,3 милиони денари без ДДВ.
Министерката Царовска ги повика општините да конкурираат со квалитетни проекти за изградба на нови градинки, затоа што освен во Буџетот на министерството за истата намена на располагање се и уште 15 милиони евра од Светска банка.
Од Министерството за труд и социјална политика не наведено на која локација ќе се гради градинката, но она што се најавуваше во изминатиот период беше доградба на објекти во градинката спроти стадионот, реконструкција и адаптација на просториите во поранешниот Пионерски дом, како и изградба на нова во населбата Бајрам Шабани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk