Во Куманово четворица новозаболени и двајца оздравени од коронавирус

09.05.2020 13:18 | KumanovoNews

 Во изминатите 24 часа регистирани се двајца оздравени и четворица заболени од коронавирус во Куманово.

Во Куманово четворица новозаболени и двајца оздравени од коронавирус

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.

- Скопје 6

- Куманово 2

- Прилеп 1

- Тетово 1

- Македонски Брод 1

- Пехчево 1

- Виница 1

Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk