Во Куманово четворица позитивни и осуммина оздравени од коронавирус

21.09.2020 18:30 | KumanovoNews

Во последните 24 часа на ниво на државата регистрирани се 45 нови случаи на ковид-19, а направени се 552 тестирања. По градови во: Скопје 10, Кочани 9, Гостивар 4,Тетово 5, Берово 5, Куманово 4, Крива Паланка 1 и др. 

Во Куманово четворица позитивни и осуммина оздравени од коронавирус

Починати се 7 лица, двајца пациенти од Струмица (52 и 62), еден од Дебар (54), пациентка од Штип (53), пациентка од Прилеп (66), пациент од Кочани (66) и еден пациент од Свети Николе (23).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 176.017 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16780, бројката на оздравени пациенти е 13949, на починати е 700, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2131. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk