Во Куманово денеска ќе гласаат 192 болни и немоќни лица

14.07.2020 07:41 | KumanovoNews

Вкупно 192 немоќни или болни лица, денеска ќе го остварат своето право на глас на десетите парламентарни избори.

Во Куманово денеска ќе гласаат 192 болни и немоќни лица

Денеска, исто така правото на глас ќе го остварат и лицата од „Зафир Сајто“ и затворениците од затворот Кшање.

Како што соопштуваат од ОИК Куманово, досега гасањето се одвива регуларно, според предвидените протоколи  од страна на стручните институции.

„Избирачките одбори одат во нивните домови за да гласаат, бидејќи не се во можност да гласаат на своето избирачко место. Исто така, денеска гласаат и старите лица од „Зафир Сајто“ и затворениците од затворот Кшање“. А право на глас денес имаат 192 лица, иако претходно беа пријавени 189 лица, затоа што имаше три приговори кои беа прифатени од страна на ДИК“, вели Драган Јовановски, претседателот на Општинската изборна комисија во Куманово.

Вчера, како што соопштува претседателот на ОИК Куманово, гласањето поминало според предвидените протоколи, а  право на глас оствариле 30 лица заболени со коронавирус и оние  кои се во домашна изолација, од вкупно 31 пријавено лице, бидејќи еден од нив се наоѓал во болница. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk