Во Куманово денеска ќе гласаат 420 болни и изнемоштени лица и 127 осуденици

07.05.2024 11:18 | Оливера Пешевска

Во вториот круг од претседателските избори и парламентарните избори, денеска ќе гласаат  420 болни и изнемоштени лица во Општина Куманово, и 127 осудени лица кои се на отслужување на казната во затворското одделение во К’шање. 

Во Куманово денеска ќе гласаат 420 болни и изнемоштени лица и 127 осуденици

За повеќе од 2 пати е зголемен бројот на пријавени болни и изнемоштени лица кои денеска го остваруваат своето право на глас во Општина Куманово, на 24 април беа пријавени 180 гласачи.

Членови на Избирачките одбори се на терен и гласањето се одвива непречено и тековно.

И во Општина Старо Нагоричане има зголемување на пријавени болни и изнемоштени, денеска се изјаснуваат 14 жители на општината.

„Во првиот круг имавме 8, денеска се пријавени 14 гласачи. Екипите ги праќаме една по една за да се избегнат метежи во просториите на ОИК Старо Нагоричане. Но, се се одвива во најдобар ред и според планот“, истакна Марјан Даиловски, претседател на Општинската изборна комисија.

Во Општина Куманово на 8 мај ќе имаат можност за гласање 93.508 лица во вториот круг на претседателските избори и 93.635 на парламентарните, распоредени на 167 избирачко место.

Во текот на изборниот ден гласачите само еднаш ќе можат да дојдат на своите изборни места и само тогаш ќе можат да изберат дали ќе гласаат на две или едно ливче.

Утре се одвиваат двојните избори. Избирачките места ќе се отворат во 7 часот наутро, а гласањето ќе трае до 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk