Во Куманово девет новозаболени од коронавирус, во Липково нема нови случаи

23.06.2020 14:10 | KumanovoNews

Девет нови случаи на заболени од ковид-19 се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово.

Во Куманово девет новозаболени од коронавирус, во Липково нема нови случаи

Сите се од Куманово, нема откриени новозаболени во Липково и Старо Нагоричане.

Направени се 70 тетирања, повеќето контролни тестови.

Во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а има нови 118 случаи на ковид-19 во земјава. По градови: Скопје 55, Куманово 9, Дебар 1, Штип 1, Прилеп 4, Тетово 20, Струга 2, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Гостивар 4, Гевгелија 1, Струмица 2, Свети Николе 1, Кичево 1 и Ресен 5.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се четири лица од Скопје - пациенти од (58),(72) и (73), пациентка (73).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од: Скопје 37, Штип 3, Прилеп 5, Тетово 24, Велес 1 и Гостивар 4.

Досега во земјата се направени вкупно 53,248 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5311, бројката на оздравени пациенти е 2048, на починати е 251 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3012.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk