Во Куманово до 15 часот излезноста е 30,6 отсто

15.07.2020 14:31 | KumanovoNews

Во Општина Куманово до 15 часот гласачкото право на парламентарните избори го оствариле вкупно 30,6% од гласачите, односно 27.741 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Во Куманово до 15 часот излезноста е 30,6 отсто

До 15 часот излезноста на ниво на државата е 31,78 отсто. Како што соопштија од Државната изборна комисија од 3.435 избирачки места од вкупно 3.383, гласале 576.576 граѓани.

Во првата изборна единица е 34,51 отсто од  сите запишани во избирачкиот список, а во втората изборна единица 28,96 отсто.

Најголема излезност има во тројката и тоа 37,24 проценти, во четвртата изборна единица излегле на гласање 35,56 проценти од граѓаните со право на глас.

Во петата изборна единица гласале 31,51, а најмала излезност има во шестката каде до 15 часот гласале 22,85 отсто.

Гласањето денеска поради пандемијата на ковид-19 ќе трае до 21 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk