Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово до 15 часот гласале 30,89 проценти од граѓаните на претседателските избори, а 36,39 отсто на парламентарните избори.
Во Општина Липково има најмала излезност на изборот за претседател на државно ниво, само 5,14 проценти. На парламентарните избори се изјасниле 28,18 посто од запишаните избирачи.
Во Старо Нагоричане нема драстична разлика меѓу одѕивот на двојните избори, на претседателските се изјасниле 34,77 посто од граѓаните, а на парламентарните 35,15 проценти.
И републичкиот просек на сите избирачки места се движи во рамките на локалните трендови, на претседателските избори гласале 32,28 % од вкупниот број избирачи, додека на парламентарните 36,94 од избирачите.
Избирачите на гласачките места можат да го остварат своето право на глас до 19 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk