Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изборниот ден во Oпштина Куманово поминува без проблеми во фер и демократска атмосфера.
Од Општинската изборна комисија велат дека досега немаат добиено ниту еден приговор, а излезноста е 37 насто.
Не се пребројани ливчиња на уште десет избирачки места- вели Виолета Арсовска, претседател на ОИК Куманово.
Во Општината Старо Нагоричане излезноста е 41 проценти, а во Општина Липково само 8 одсто.
Набљудувачи на политички партии информираат дека има прекршување на изборниот молк во селото Градиште кога претставници од државна институција се заканувале на мештаните дека ќе ги загубат субвенциите ако не гласаат за еден од претседателските кандидати.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk