Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на КОВИД-19.
Од нив најмногу се во Скопје – 36, Куманово -2, Штип -8, Тетово -4, Струга -10, Велес -2, Битола -2, Охрид -13, Гостивар -1, Крушево -1, Кочани-2, Пробиштип -1, Свети Николе-2, Ресен-6.
Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на КОВИД-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2975.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk