Во Куманово еден починат, 16 новозаболени и 11 оздравени од ковид-19

18.10.2020 20:37 | KumanovoNews

Во последните 24 часа на ниво на државата направени се 1853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19.

Во Куманово еден починат, 16 новозаболени и 11 оздравени од ковид-19

По градови во: Скопје 200, Тетово 30, Прилеп 29, Кавадарци 17, Куманово 16, Гевгелија 15, Битола 14, Свети Николе 3, Крива Паланка 1 и др.

Починати се  10 лица, двајца пациенти од Скопје (60 и 66), еден од Куманово (64), двајца пациенти од Прилеп (57 и 87) двајца од Тетово (75 и 53), еден од Струга (55), еден од Струмица (83) и еден пациент од Крива Паланка (80). Од нив 1 пациент е починат вонболнички услови, останатите 9 се починати во болница.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени пациенти. Во Куманово   11 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на ковид -19.  

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, бројката на оздравени пациенти е 17239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk