Во Куманово фатени 26 пијани возачи и 13 без возачка дозвола

27.12.2021 09:28 | Сузана Николиќ

Поразителна стастика објави МВР во однос на почитувањето на сообраќајните правила и прописи на возачите во Куманово. Во изминатите два дена фатени се 26 возачи во алкохолизирана состојба, а 13 немале возачка дозвола, со што ја загрозиле безбедноста на сите учесници во сообраќајот. 

Во Куманово фатени 26 пијани возачи и 13 без возачка дозвола

„Во текот на изминатиот викенд (25/26.12.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Куманово, при што санкционирани се 26 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 кои не поседувале возачка дозвола и 3 со нерегистрирани автомобили. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови“, соопшти СВР Куманово.

 Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат за побезбедни патишта.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk