Во Куманово и други 15 општини ќе се формираат регионални ковид-центри

13.07.2020 09:21 | KumanovoNews

 Куманово ќе биде една од 16 општини во која ќе се отвори ковид-центар, за  справување од можен есенски бран на пандемијата на коронавирус.

Во Куманово и други 15 општини ќе се формираат регионални ковид-центри

„По барање на министерот за здравство, Венко Филипче, се реализираше онлајн состанок помеѓу градоначалниците од општините Куманово, Гевгелија, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар, Гостивар, Струга, Кочани, Охрид, Велес, Тетово, Штип, Битола и Ресен и Прилеп“ , соопшти Министерството.

На состанокот било констатирано формирање на регионални ковид- центри во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, во кои би можело да се аплицира за систем на монтажни модули, односно мобилни болници како подготовка за справување со евентуален есенски бран на пандемијата.

Градоначалниците сметаат дека се потребни и посебни протоколи кои ќе се изработат за одредени постапки што ќе ги преземе секоја општина.

Од Министерството за здравство најавија дека со сите директори на болници во овие градови,  ќе се формира јасна и дополнителна слика за здравствените капацитети кои би требало да се справат со евентуалниот позасилен бран.

(Д.Д)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk