Во Куманово и за доктор на наука нема работа

06.10.2010 14:19 | KumanovoNews

Една жена, доктор на наука  и 16 магистри се меѓу 26 739 лица невработени во Куманово.

Во Куманово и за доктор на наука нема работа

 Според податоците од Агенцијата за вработување, заклучно месец август, од вкупниот број регистрирани невработени на ниво на општина Куманово 17 997 лица се од градот, а 8742 од селските средини.

Најголем број од лицата без работа 6 924 се со ниски квалификации, со средно стручно образование има 5972, со виша школа 252, со високо стручно образование 948, но меѓу невработените има и 16 магистри и еден доктор на науки.

Само за споредба, бројот на граѓаните кои чекале да добијат вработување преку агенцијата во истиот период лани  изнесувал 28 961 лица.Иако бројот на невработените е назначително намален, Куманово е втор град по бројот на невработени во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk