Во Куманово има 3000 крводарувања годишно

14.06.2018 14:28 | KumanovoNews

Во евиденцијата на Црвен крст Куманово регистрирани се над 9000 крводарители, а годишно во педесетина акции се собираат околу 3000 единици крв. 

Во Куманово има 3000 крводарувања годишно

„Во Куманово годишно се организираат околу 50 крводарителски акции, а минатата година имало 2800 крводарувања. Во последните две години се бележи зголемување на бројот на крводарители од 10 до 20 отсто, и Куманово се наоѓа на средината во однос на другите градови“, - изјави Бојан Петрушевски, секретар во Црвен Крст Куманово.

Светски ден на крводарителството-14 јуни денеска беше одбележан со свечена седница во Центарот за култура „Трајко Прокопиев„ во Куманово.

На седницата присуствуваа крводарители, членови и волонтери на Црвениот крст Куманово, а ги поздрави претседателот на општинската организација на Црвен крст  Куманово д-р Нухи Јусуфи.

На повеќекратните крводарители кои дарувале крв 5, 10, 25, 50 и 75 пати им беа доделени благодарници.

Крводарителите со 50 и 75 пати дарувана крв добија и плакети во знак на признание за искажаната хуманост како и пригоден подарок.

Наредната крводарителска акција е вонредна и ќе се одржи во четврток во Центарот во култура „Трајко Прокопиев“.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk