Во Куманово искинат изборeн плакат на ВМРО-ДПМНЕ

27.11.2016 18:24 | KumanovoNews

Искинат е пропаганден матерјал на коaлицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на носителот на листата во втората изборна единица Никола Тодоров.

Во Куманово искинат изборeн плакат на ВМРО-ДПМНЕ

Оштетувањата се извршени во текот на ноќтта на билборд, на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на спортската сала Куманово.

Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денеска ги повикаа надлежните институции, меѓународните и домашни организации и МВР да го расветлат случајот и да го санкционираат ваквото однесување на поединци или групи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk