Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово, во ноември лани, издадени се 12 одобренија за градба, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од нив 10 одобренија се издадени на физички лица, а 2 се за изградба на деловни објекти. Во ноември во општина Липково се издадени 2 одобренија за градба на физички лица, во Кратово едно за деловен објект и во Старо Нагоричане едно одобреније за физичко лице. Во Ранковце и Крива Паланка во ноември не е издадено ниту едно одобреније за градба.
На ниво на држава бројот на издадени одобренија за градба, споредбено со истиот период лани е зголемен за 54 отсто.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk