Во Куманово измерени 39 степени

29.07.2013 13:29 | KumanovoNews

 Во Куманово денеска е измерена температурата од 39 Целзиусови степени.

Во Куманово измерени 39 степени

Улиците во градот се празни поради пеколните горештини. Излегуваат само оние што имаат неодложни работни обврски.  Од Министерството за труд и социјална политика препорача работниците кои работат на отворено да прават пауза во најтоплиот дел во денот од 11 до 17 часот.

За утре се предвидуваат температури до 38 степени и мало наоблачување, а во среда температурите ќе паднат на 33 степени.

Во четврток температурите ќе бидат 35, а на Илинден во петок 36 Целзиусови степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk