Во Куманово измерени минимални - 4, во Крива Паланка - 8 степени

20.01.2025 11:50 | KumanovoNews

Во Куманово ноќеска е измерена минимална температура од - 4 степени, во Крива Паланка - 8 степeни Целзиусови. 

Во Куманово измерени минимални - 4, во Крива Паланка - 8 степени

Најстудено било во Берово со -9, -8 Крива Паланка, -7 Битола, Прилеп, -6 Виница, -4 Тетово, Штип, Куманово, -3 Струмица, Дебар, -2 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Маврови Анови, -1 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Гевгелија, Лазарополе,
1 Попова Шапка, 3 Крушево.

Висина на снежната покривка во 7 часот изнесуваше 47 во Попова Шапка, 44 Маврови Анови, 24 Крушево, 17 Битола, 10 Тетово, 8 Демир Капија, 6 Лазарополе, Штип и Берово.

Времето ќе биде студено со магла и ниска облачност по одделни котлини, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Максималната температура во котлините со магла до 4, а во останатиот дел од земјата ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје претпладне студено со магла и ниска облачност, преку денот променливо облачно. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk