Во Куманово казнети 156 возачи за брзо возење

31.01.2021 08:15 | KumanovoNews

Полициски службеници од СВР Куманово во текот на вчерашниот ден на територијата на Куманово санкционирале 156 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Во Куманово казнети 156 возачи за брзо возење

Од сообраќај биле исклучени осум возила, а две возила се одземени поради тоа што учествувале во сообраќај а биле подолг период нерегистрирани, а санкционирани се и 23 возачи  поради други прекршоци.

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, - соопштуваат од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk